ОТКРИВАМЕ КАКО АЗРА И МАРКО ПРЕГОВАРАЛЕ СО РАТКО ЕСКОБАР: Таа е уапсена е во Студентски дом, а тој е жесток навивач на Партизан

Азра Ш. вчера била уапсена во студентскиот дом во Сараево каде што живеела, пишува Курир!

Од домот Бјелава им потврдиле дека оваа студентка е уапсена и дека немало поголеми инциденти.

-Полицијата мирно ја одвела, немало никакви пореметувања и проблеми – изјавија за Курир.

Како што се дознава, Азра и Марко имале улога да го испитаат теренот и да договараат купување на автомобилот.

Азра и Марко се преправаа дека се муштерии. Ден претходно биле на плацот за половни возила на Ескобар, како да се заинтересирани да купат, наводно се договориле да купат автомобил VW. Утредента во предвидениот термин за купопродажба наместо тие двајцата дојдоа убијците на пумпата – вели соговорникот на Курир близок до истрагата.

Според неофицијални информации, Азра учествувала и во кражбата на автомобил „голф 4“, кој подоцна на Петлово брдо го запалиле сторителите Стефан З.(28) и Лука В.(26) .

Инаку, како што се дознава, Марко Пјановиќ е страстен навивач на ФК Партизан од Белград, а по потекло е од Брчко, како и Азра.