Откриена лагата на Мицкоски! Во 2001 година беше во Италија

Иако ден претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јавно во медиумите изјави дека за време на војната, односно во 2001 година, бил волонтер, тоа е лага.

Друго пишува во биографијата, друго кажува самиот Мицкоски.

Според биографијата, Христијан Мицкоски студирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од 1996 до 2001 година.

Oд 2001 до 2002 година, првиот човек на ВМРО престојувал во Италија каде студирал една година на Универзитетот во Перуџа и Сиена, Италија.