Една од најпознатите американски порно ѕвезди, Кајли Пејџ, почина на 28-годишна возраст, а локалните медиуми ја објавија причината за нејзината смрт.
Според TMZ , таа починала откако се предозирала. Нејзината пријателка ја пронашла мртва во нејзиниот дом во Холивуд и ја повикала полицијата.
Фентанил и прибор за дрога беа пронајдени во нејзиниот дом. Таа претходно отворено зборуваше за својата борба со зависноста.
Причината за нејзината смрт не е официјално потврдена, но изворите наведоа дека станува збор за предозирање и дека не мислат дека станува збор за какво било кривично дело.
Таа ја започна својата кариера во 2016 година. Беше дел од контроверзниот документарец на Нетфликс „Hot Girls Wanted: Turn On“.
Таа има снимено повеќе од 200 еротски филмови за компании како што се „Виксен Медиа Груп“ и „Брејзерс“.