Федералната агенција за воздушен транспорт на Руската Федерација, Росавијација, објави официјално соопштение во врска со падот на авионот АЗАЛ во Актау , пренесува руското биро АПА.
„Денеска, околу 9:30 часот по московско време, авион Embraer 190 на азербејџанската авиокомпанија АЗАЛ се урна при слетување на казахстанскиот аеродром Актау, кој се наоѓа на источниот брег на Каспиското Море. Авионот летал од Баку за Грозни.
Според прелиминарните информации, по судирот со јато птици , поради вонредна ситуација во авионот, капетанот на авионот решил да се пренасочи на алтернативен аеродром, избирајќи го Актау за дестинација.
Операциите за пребарување и спасување ги вршат оперативните служби на Република Казахстан.
„Росавиација ја одржува комуникацијата со превозникот АЗАЛ, како и со воздухопловните власти на Азербејџан и Казахстан“, се вели во соопштението.
Да потсетиме, денеска во близина на аеродромот Акатуа, во Казахстан, се урна патнички авион на „Азербејџан ерлајнс“ со 69 лица, меѓу кои и членови на екипажот.