Откако HBO го отпушти Милош Биковиќ од серијата „Белиот лотос“, по страшните напади од Министерството за надворешни работи на Украина, му најдоа замена, колега од Бугарија.
Бугарскиот актер Јулијан Костов ќе го игра резидентниот руски лик, кој првично требаше да го игра Милош.
Како што е најавено, третата сезона на популарната серија ќе се снима во и околу Кох Самуи, Пукет и Бангкок, пишува „Deadline“.
Судејќи по коментарите, Џулијан е мега популарен, а освен со глума се занимава и со продуцентство – поради што некои го нарекоа „Бугарскиот Биковиќ“.
Костов е познат по улогата на Федор Камински, лик инспириран од Русија, во сезона 1 од фантастичната серија на Нетфликс, Shadow & Bone.