– Палестински напаѓач уби двајца еврејски доселеници во нивниот автомобил денеска на окупираниот Западен Брег, соопштија израелските власти.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, што се случи кога израелските и палестинските безбедносни претставници се состанаа во Јордан за да разговараат за намалување на тензиите.
Лекари соопштија дека жртвите на нападот, што се случи во близина на Хавара, област каде што се чести вакви инциденти, биле мажи на возраст од дваесетина години жители на населбата Хар Браха, оддалечена осум километри од местото на инцидентот.