ПАРТИЗАН ИСФРЛЕН ОД НАЈСИЛНАТА СРПСКА ЛИГА ВО СЛЕДНАТА СЕЗОНА! Строга казна е испратена на адреса на тимот на Жељко Обрадовиќ

0

Овој вторник пристигна вест која ги шокираше сите кои имаат црно-бело во срцето.

Имено, КК Партизан следната сезона нема да може да учествува во Кошаркарската лига на Србија, пишува Спортски Журнал.

Имено, комисијата за издавање лиценци за КЛС за сезоната 2023/24 ги одби барањата на Партизан, Слобода од Ужице, Слога од Краљево, Нови Пазар и Раднички од Крагуевац.

За разлика од горенаведените клубови, лиценци добија: Борац, Војводина, Динамик, Вршац, Црвена звезда, Здравје, ФМП, Мега, Златибор, Џокер, Металац, Младост, ОКК Београд, Спартак, Тамиш и Чачак 94.

Парни ваљак не доби дозвола, бидејќи минатата сезона не учествуваше во КЛС, а челниците на клубот не дадоа ниту докази дека ги подмириле долговите кон КСС и РКС.

Да потсетиме, Партизан изминативе две години не играше во кошаркарската лига на Србија.