Пендаровски: Свети Климент нека биде поука за нашето општество

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. Стефан, Архиепископот Охридски и сите верници од православна вероисповед.

„Со своето дело, патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, св. Климент Охридски, остави трајно наследство, исполнето со духовност и мудрост. Со силна вера, дисциплина и посветеност, Св. Климент ги надмина пречките што му стоеја на патот, неуморно ширејќи ја својата пастирска љубов. Споделувајќи го светогледот, духовноста, културата и хуманоста на големиот учител, да дадеме љубов, да бидеме внимателни и грижливи, придонесувајќи за мир, хармонија, просперитет и благосостојба во македонското општество.

Нека ни се уште многу години среќни празници“, рече Пендаровски.