Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола застана во одбрана на Ерлинг Халанд, кој неочекувано се најде на мета на критичарите.
Норвежанецот има мал пад во својата форма,. Иако има постигнато 26 гола во Премиер лигата, и понатаму е критикуван дека не придонесува многу во играта на Сити.
Сепак, Гвардиола е свесен за сè и испрати јасна порака споредувајќи го со Меси.
„Треба да престанете да очекувате Халанд да игра како Лео Меси. Тој не може сам да издрибла тројца, четворица играчи и да постигне гол“, изјави Гвардиола.
Колку голови ќе постигне Халанд до крајот на сезоната и ќе има ли уште критики и критичари?
Во продолжение можете да ги погледнете највозбудливите моменти од сите натпревари на Халанд за Манчестер Сити.