Перински: Не смееме да дозволиме градочалниците да бидат заштитени како „бели мечки“

„Со новите измени на Законот за локална самоуправа, ќе направиме оние кои го избрале градоначалникот, а тоа се граѓаните, да можат и да го сменат“ – изјави Златко Перински, министерот за локална самоуправа во „Клик Плус“ на ТВ21.

Според него добро е да има демократска можност да се отповика градоначалник. Но, тоа треба да биде само во исклучителни ситуации. Вели мора да се спречи градочалниците да бидат заштитени како „бели мечки“.

„Не смееме да дозволиме градочалниците да бидат заштитени како „бели мечки“. Не може за сите може да има отповикување, за секој политичар и носител на јавна функција, само за градоначалниците не“, изјави Перински.

Според него без среќни граѓани нема успешен градоначалник

Сакаме да го зголемиме нивото на транспарентност и отчентност на градоначалниците. Нема успешен градоначалник без сре граѓани. Ако граѓаните не се задоволни од услугите кои локалната самоуправа ги испорачува кон нив, градончалникот не може да биде успешен.