Погба како Јањуш! Магичниот Црногорец доби животна шанса но уништи сè: Ноќен живот, болест и крај на кариерата! (фото/видео)

0

Вестта дека Пол Погба падна на допинг тест и дека, многу веројатно, сепак ќе ја заврши кариерата, го погоди фудбалскиот свет.

Французинот беше еден од најголемите светски таленти, но никогаш не покажа ниту мал дел од квалитетот што го поседува. Патот до фудбалскиот врв започна во 2012 година кога во Јувентус пристигна од помладите категории на Манчестер Јунајтед, но неговата кариера беше проследена со бројни скандали и дефинитивно нема да биде запаметен по добро.

Дали знаевте дека во 2012 година заедно со Пол Погба во Јувентус пристигна уште еден голем талент од Црна Гора?

Тогашниот 17-годишен Божидар Јањушевиќ, непосредно пред 18. роденден, го замени Никшиќ со Торино, а дресот на Сутјеска со Јувентус. Сакаше да ги допре ѕвездите, сонуваше за голема кариера, но животот набрзо го однесе во друг правец.

Божидар Јањушевиќ е роден на 30 март во Никшиќ, а уште како дете беше очигледно дека е талент.

Му предвидуваа кариера како на легендарниот Дејан Савиќевиќ бидејќи потезите кои ги правеше беа навистина чиста магија!

Јувентус го виде неговиот талент и 15 дена пред неговиот 18 роденден Јањуш пристигна во Торино.

– Среќен сум што ќе добијам можност да се пробам во Јувентус. Голема благодарност му должам на Андрија Вујовиќ, по чија препорака заминав во Италија – накратко истакна тогаш за ,,Вијести”, Божидар Јањушевиќ.

Не остана долго во Италија, се дружеше со многу лоши момци имаше и сообраќајна несреќа, па среќата мораше да ја бара во друг клуб.

Сите клубови го сакаа неговиот потпис

Јањушевиќ беше огромен талент, но водеше сè, освен спортски живот. И покрај сето тоа, во ред за неговиот потпис стоеја великаните од Србија и Хрватска. Војводина му даде шанса, но не се снајде ниту таму, се врати во Сутјеска на позајмица, а брзо следеше преселба во Хрватска.

Го донесе големиот Хајдук од Сплит, се чинеше дека ќе направи нешто големо и дека конечно ќе оди кон ѕвездите. Наместо дебито на Пољуд, тој беше позајмен во третолигашот Приморац, што психички го потресе Јањушевиќ.

Беше блиску до крајот на кариерата, но доби шанса во Истра. Дојде со ореол на младински и млад репрезентативец на Црна Гора, но ноќниот живот го уништи.

Видеото во кое тој жонглира со топче за пинг-понг, јаболко и топче за билијард доволно говори за тоа каков мајстор е тој. Навистина, нешто што не може секој да го направи!

Јањушевиќ ја напушти Истра мислејќи дека ќе добие нова шанса во Хајдук, сплиќани повторно го разочараа, но се случи неочекуван пресврт! Кога сите мислеа дека се ближи крајот на неговата кариера, и покрај тоа што немаше ни 22 години, Јањушевиќ доби нова шанса во тимот од Пула. Ова беше дури трета прилика кај истиот тренер, бидејќи Црногорецот ја изгуби довербата кога беше во младата екипа на Истра.

– Пред да кажам нешто, би сакал да му се заблагодарам на тренерот Игор Памиќ што ме врати во Пула и ми даде нова, трета шанса. Да не ме вратише, лесно можеше да се случи мојата фудбалска приказна да заврши и веројатно ќе бев дома во Црна Гора и ќе правев нешто, но во моментот кога ми беше најтешко и кога сите го кренаа рацете од мене, застана зад мене и реши да ми помогне. Со тој потег покажа дека не само што е најдобар тренер, туку и најдобар човек – во еден здив рече тогаш Божидар Јањушевиќ за Глас Истра, а потоа продолжи:

– Тој ми ја даде првата шанса, јас го разочарав, па добив втора шанса, па го направив истото и сигурен сум дека кај кој било друг тренер ќе бев заборавен, но Памиќ ми даде и трета шанса за што од сè срце му благодарам и сега на мене е да ги оправдам неговите очекувања.

Тој призна и како водел сè освен спортски живот:

– Немам што да кријам, правев секакви глупости, многу повеќе ме интересираше ноќниот живот отколку работата, а повеќе излегував и се глупирав отколку што тренирав, но тоа го нема. Се вратив на вистинскиот пат, целосно посветен на фудбалот и ќе дадам сè што е во моја моќ за да му се оддолжам на тренерот Памиќ за довербата што ми ја даде и да ги оправдам неговите очекувања – нагласи тој и заклучи:

– Станав максимално сериозен, тренирам со полна пареа и работев на тежината, она што тренерот го побара. Кога се вратив во Пула имав 90 килограми, сега го спуштив на 84 и мислам дека полека работите се средуваат.

Работите не тргнаа според очекувањата

Колку шанси му требаа на Божидар Јањушевиќ? Ниту оваа не ја искористи, а по Истра заврши неговата фудбалска бајка и покрај тоа што имаше само 23 години.

Голем потенцијал, новиот Дејан Савиќевиќ, најголемиот бисер на црногорскиот фудбал – го допре дното!

Пеколот штотуку започна! Јањушевиќ решил да се посвети на тетоважите, па направил неколку од нив, од кои многу на лицето. Набргу по овој потег, го зафати тешка болест – псоријаза, со која ќе страда долго време.

Што е псоријаза?

Псоријазата е широко распространета хронична воспалителна болест на кожата, која обично се состои од периоди на подобрување и влошување. Најчестиот тип на псоријаза која има видно гранични наслаги кои можат да бидат или розови или сиви по боја, покриени со сребрена лушпеста кожа. Овие наслаги може да предизвикаат и локализирана хиперпигментација. Симптомите може да се појават на која било возраст, но најчесто се појавуваат во раната зрелост или подоцна во животот, околу 50 или 60 години.

Сепак, Божидар Јањушевиќ беше многу добар играч за приказната да заврши вака… Тој од фудбал се префрли на футсал и беше дел од тимот на Челика кој стигна до титулата во црногорското првенство.

Подоцна од Будва се пресели во Цезар со кој стигна до полуфиналето на плеј-офот и освои бројни турнири во Црна Гора и Србија. Публиката го обожаваше затоа што е одличен забавувач на теренот, но неговиот неспортски живот го зеде својот данок и работите стануваа полоши и полоши.

Ноќниот живот му стана секојдневие и по исклучувањето на Цезар Будва, Божидар Јањушевиќ исчезна од спортската мапа. Вака заврши кариерата на човек кој можеше многу, но наместо ѕвездите, го допре дното!

Иако, кој знае, можеби Јањушевиќ повторно ќе се активира и ќе добие уште една шанса, на фудбалски или футсал терен. Сè уште е релативно млад и на 29 години со голема животна промена би можел уште некое време да ја забавува публиката.