Кифличките се идеален оброк за секое време од денот, а благодарение на овој рецепт можете да ги направите без квасец за помалку од половина час.
За да ги подготвите, потребни ви се следниве состојки:
- 300 грама брашно
- Половина кесичка прашок за пециво
- Лажичка сол
- 100 грама путер
- Една жолчка од јајце
- Чаша јогурт
- Малку сусам за декорација
- 100 грама сирење или џем, во зависност од тоа што сакате
Измешајте ги сите состојки во сад и замесете тесто. Потоа намачкајте ја на основата на околу пет милиметри. Исечете го тестото на 12 дела и на секој ставете што сакате – сирење, џем…
Свиткајте ги во ролна, премачкајте ги со жолчка и посипете ги со сусам. Ставете ги во рерна и печете ги околу 15 минути.