Подмолна болест: Семејството се моли за здравјето на Саша, призна Јоксимовиќ: Ниту еден лек не ми помага..

Актерот Саша Јоксимовиќ боледува од здравствен проблем кој деновиве е се почест и е поврзан со болки во желудникот. Како што самиот истакнува, овој проблем го има уште од раното детство, а веќе ниту еден лек не му помага.

Братот на Жељко Јоксимовиќ во гостувањето во емисијата „Ординација“ на РТС објасни какви симптоми имал, но и што му кажале лекарите кога отишол на прегледи за конечно да го реши овој проблем.

 Мојата ситуација е дека во моментов имам болки во желудникот. Наутро кога ќе станам исто ме боли желудникот. Тоа е чувство на непријатност, тапа болка внатре. Ниту еден лек не ми помага. Порано имаа ефект, а сега веќе не – ја започнува приказната Саша , па додава:

 Често се наоѓам во ситуација да морам да одам на инфузија каде ми даваат коктел од разни лекови за да ми го смират желудникот. А кога ќе ми дојде жолта минута, тоа трае околу петнаесет дена. Се борам со тоа уште од средно училиште. Ја голтав сондата седум или осум пати, додека ми најдоа хеликобактер пилори . Последен пат кога бев таму, докторите ми рекоа дека вакво нешто досега не виделе, дека мојот желудник личи на лубеница. Целиот во крв, слуз ми се спушта надолу во желудникот и тогаш ми дијагностицираа воспаление на долниот дел од хранопроводникот и гастритис – објасни тој.