Поднесена кривична пријава против четири лица за убиство во Тетово, две лица се во бегство

СBP Тетово и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општи и насилни кривични дела поднесе кривична пријава против четири лица до Основното јавно обвинителство Тетово во врска со убиството што се случи во неделата во Тетово (10.08.2025 година) во Тетово.

„Против Р.Т. (37) од Тетово, кој беше повреден во размената на оган и беше сместен во медицинска установа во Скопско за укажана помош, и против 15-годишник од село Гајре, Тетовско, кој беше приведен на 11.08.2025 година во село Гајре, поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ по член 123 став 2 точка 3, потоа кривично дело „неовластено производство, држење, посредување и трговија со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 и кривично дело „тешки кривични дела против јавната безбедност“ по член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Против М.Т. (45) од Тетово и З.М. (37) од село Гајре поради сомнение дека сториле кривично дело „убиство“ (обид) по член 123 став 1 во врска со член 19, потоа кривично дело „неовластено производство, држење, посредување и трговија со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 и кривично дело „тешки кривични дела против јавната безбедност“ по член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 10.08.2025 година на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, Р.Т. и друг малолетник користејќи автоматски пушки, лишиле од живот едно лице, а го загрозиле и животот и телото на други лица, вклучувајќи го и еден од другите осомничени. Со автоматските пушки испукале неколку куршуми кон возило „Голф“, погодувајќи го починатиот, кој бил на возачкото седиште. Два куршуми завршиле во градите на сопатникот, кој се здобил со тешки телесни повреди со специфична опасност по живот. Еден куршум завршил во десната бутина на дете родено во 2012 година, кое случајно се нашло на местото на инцидентот.

Иако повреден во размената на оган, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и истовремено почнале да пукаат кон возилото што се оддалечувало, погодувајќи уште едно лице кое претрпело тешки телесни повреди, додека куршумите завршиле и во возилото на една жена, чија безбедност исто така била загрозена. Надлежен судија им одредил мерка притвор од 30 дена за сите осомничени.

„М.Т. и З.М. се во бегство и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода“, се вели во соопштението на МВР.