Пожарите во Австралија во 2019 и 2020 година за 55 % ја намалија популацијата на животните и растенијата
Студијата спроведена во Австралија покажа дека по шумските пожари што го зафатија овој континент во 2019 и 2020 година, за 55 % е намалена популацијата на растителните и животинските видови, известува Анадолу.
Списанието ‘Nature’ објави дека научниците го испитувале влијанието на пожарите, кои во 2019 и 2020 година ја зафатија Австралија, врз 1.380 животински и растителни видови.
По спроведеното истражување е забележано дека растителната и животинската популација на овој континент е намалена за 55 % поради пожарите кои пеплосале површина од приближно 24,3 милиони хектари.
Научниците објавија дека падот на видовите цицачи е двојно поголем во споредба со другите животински групи.
Студијата покажа дека во регионите во кои се случиле пожари најмалку три пати во последните 40 години, биодиверзитетот е за 93 % повеќе негативно нагласена отколку во регионите во кои пожар имало еднаш или воопшто немало.
Пожарите во Австралија во 2019 и 2020 година ја предизвикаа смртта на 34 луѓе и уништија приближно 24,3 милиони хектари шуми и ливади, а на некои локалитети се проширија и кон станбените области.