Познатата ТикТокерка го вознемири цел Балкан! Таа направи нешто скандалозно пред Православна врква и објави видео (ВИДЕО)

ТикТокерката и инфлуенсерката од Романија, Ада Виртуел, крена вистинска прашина на Балканот откако на својот профил објави видео на кое се гледа како тверка пред црква.

Засега не е познато кога и каде е снимено видеото на кое се гледа како таа тверка пред црквата во тигрести хеланки и тесна бела маичка. Пред скандалозниот танц, таа постојано извикуваше „Роби, Роби“ додека клечеше во благо свиткана положба.

После тоа, таа го сврте грбот кон камерата и почна да го тресе задникот. Токму овој детал ги разбесни нејзините следбеници кои напишаа негативни коментари бидејќи го снимила видеото за овој човек пред црквата.

„Зошто пред црква?“, „Колку треба да си глуп за да го правиш ова пред црква?“, „Што ти е?“, „Јас не сум религиозна личност, но сепак тешко ми е да разберам зошто правиш вака околу црквата“, „Срам да ти е“, се само дел од коментарите под видеото.

Она што е забележливо се бројните навреди кои дојдоа до неа од Романци, но и од Балканци, кои освен погрдни зборови, го означија Тик-Ток со барање да се избрише спорното видео од платформата.

Позната по своето бизарно однесување

Ада стана позната на Тик-Ток по своето бизарно однесување. Имено, следбениците ѝ ги оставаат имињата во форма на коментари со молба да го изговори нивното точно име додека се врти и го тресе задникот. Бизарната содржина во која го исполнува ова е снимена на сите локации, од ливади, шуми, стари и напуштени згради, градилишта, возови, па дури и ниви.