Пола свет воздивнуваше по неа, а таа избра пропаднат голман – денеска слават

Атрактивна спортска новинарка има голема причина да слави…

Италијанската новинарка Дилета Леота и голманот Лорис Каријус неодамна прославија годишнина од бракот. Големиот ден Дилета го одбележа со компилација од фотографии кои ги објави на Инстаграм.

„Нашите две години“, напиша Дилета во описот на објавата .

Атрактивната водителка и познатиот Голам ја започнаа врската во време кога половина свет воздивнуваше по Дилета, а никој не можеше да претпостави дека Лорис, голманот „познат“ по големите грешки на важните натпревари, ќе и го украде срцето.

Двајцата ја зацврстија својата врска во 2023 година, кога ја пречекаа нивната наследничка Арија.