Полицаец на мотор се обидува да фати ној?! Видеото е нереално, а погледнете кој го извлече подебелиот крај (видео)

Урнебесното видео е снимено на почетокот на ноември во кинескиот град Женгжу, кога граѓаните пријавиле дека ној трча по прометниот пат .

Набрзо на местото на настанот пристигнале неколку полицајци со мотори кои се обиделе да ја обезбедат, а потоа и да ја фатат птицата со долги нозе.

Возачите држеле (безбедно) растојание од нојот кој трчал на патот пред шокираните возачи, пишува Daily Star .

Во еден момент полициското возоло премногу се доближил и дошло до судир!

Човекот и птицата завршија на асфалтот, но нојот застана на нозе и го продолжи својот „маратон“.

Сведоците потврдија дека имало застој во сообраќајот додека не се разреши необичната ситуација и птицата не била донесена на безбедно.