– Со помош на полициски хеликоптер од Хеликоптерската единица за посебни намени кој исфрлил 15 тони вода локализиран е пожарот во атарот на село Жировница.
![](https://mia.mk/articles/images/%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82%D1%85%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%84%D1%80%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B415%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BF%D0%BE%D0%B6%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BEqe16w/g5oCebOR2/small.webp?use_watermark=0)
-Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атарот на село Жировница, Општина Маврово-Ростуше, го упати хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени, при што со прецизно дејствување беа исфрлени 15 тони вода. Со тоа пламените јазици беа изгаснати и пожарот беше локализиран, информираат денеска од МВР.