Полицијата вчера изрече 824 санкции за брзо возење

 Министерството за внатрешни работи соопшти дека при акциска контрола на територијата на цела држава, во текот на вчерашниот ден, санкционирани се 824 возачи за брзо возење, од кои, 438 во населено место а 386 надвор од населено место.

– Во текот на вчерашниот ден (26.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 824 возачи. Од нив 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 438 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 386 надвор од населено место, информираат од МВР.

Од МВР Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и информираат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.