Полубратот на Бред Пит изгледа брутално и е сон на многу жени: Заработува милиони, а целиот свет го обожава поради тоа што го работи (фото)
Актерот Бред Пит често е во центарот на вниманието на медиумите, како за деловниот така и за личниот живот, пред се поради разводот со Анџелина Џоли и неговите нови љубовни врски.

Сепак, малкумина знаат дека актерот има брат кој е три години помлад од него. Неговото име е Даглас Пит и избра работа која не е дел од јавниот медиумски простор – води компјутерска агенција и заработува милиони, пишуваат странските медиуми.
Тој е вклучен и во продажба на недвижности, инвестирање и хуманитарна работа. Покрај тоа, тој е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ и основач на хуманитарната организација „Care to Learn“ која им помага на децата, а има собрано и 750.000 долари за проекти за чиста вода во Танзанија.
Даглас е 30 години во среќен брак и има две деца.
Според американските медиуми, богатството на Даглас се проценува на 240 милиони долари.