Поради силувањето на младата Албанака легендарниот фудбалер оди во затвор! Бразилците направија преседан: Ќе помие девет години зад решетки!

Бразилскиот суд направи преседан, бидејќи го осуди славниот фудбалер Робињо на девет години затвор за делото што го направи во Италија.

Така Робињо стана првиот човек во историјата на Бразил кој отишол во затвор за казна која му била изречена во друга земја.

Поранешниот бразилски репрезентативец пред две години беше осуден на девет години затвор во Италија поради силување.

Италијанскиот суд тогаш ја потврди огромната затворска казна за поранешната ѕвезда за силувањето на 23-годишна Албанка што се случи во ноќен клуб во Милано во 2013 година.

Пред изрекувањето на пресудата, фудбалерот побегна во Бразил за да избегне казна, бидејќи двете земји немаат договор за екстрадиција. Тој не бил достапен за властите во Италија, па уживал во својата слобода.

Сепак, по барањето на Италија, фудбалерот да ја отслужи казната во татковината, беше направен преседан. Високиот суд на правдата во Бразил во средата одлучи Робињо да ја отслужи казната во Бразил.

За оваа одлука гласале дури девет од 11 судии, а како образложение навеле дека не сакаат дипломатски скандал меѓу двете држави.

Адвокатот на Робињо, Жозе Едуардо Алкмин најави жалба до Врховниот суд на Бразил и нагласи дека ќе бара судењето да биде поништено бидејќи смета дека со оваа одлука се нарушува суверенитетот на Бразил.