Поради убавината ги трпеше последиците: Тој е најубавиот Арап на планетата и жените полудеа по него

Тој дури беше протеран од својата земја поради неговата убавина.

Младиот Арап Омар Боркан Ал Гала редовно го привлекува вниманието на медиумите поради својот атрактивен изглед, поради што дури и страда во сопствената земја.

Омар Боркан Ал Гала е ирачки претприемач, модел, актер и фотограф, кој стана светски познат во 2013 година поради необичен скандал.

Тогаш се пишуваше дека е протеран од Саудиска Арабија поради неговата убавина. Тоа се случи за време на фестивал во Ријад додека Омар стоеше на неговиот штанд.

„Некои девојки ме препознаа поради мојот ангажман како модел и ми го окупираа штандот, барајќи автограми и фотографии. Сепак, тоа не им се допадна на мештаните, особено на властите, па дојдоа и учтиво ме замолија да го напуштам фестивалот“, вели тој. рече тој, пренесе Инсајдер.хр.

Наводно постоела „опасност“ гостите на фестивалот да се заљубат во него.

Подоцна делегацијата на Саудиска Арабија излезе со соопштение во кое се вели дека од Боркан никогаш не било побарано да ја напушти земјата, туку само фестивалот, бидејќи во нивната земја постои правило жените да не комуницираат со мажи кои не се членови на семејството.

Така ја доби титулата најубав Арап на светот.

Инаку, Омар се занимава со манекенство од својата 18-та година и беше ѕвезда на разни модни ревии. Тој беше во брак со Јасмин Овеида, моден дизајнер од Јордан, со која има син.

По разводот тој успева да го задржи љубовниот живот во голема тајна, па ништо не се знае освен дека е посветен на развивање на кариерата.