ПОРАКАТА НА ГРУБИ до директорите на ДУИ: Не ги прифаќајте решенијата на Меџити, земете одмор или боледување!
Вчера во јавноста излезе вибер пораката што ја испратил министерот Груби до директорите на ДУИ во која им се посочува да не ги прифаќаат и да не ги потпишуваат решенијата од министерот Фатмир Меџити кој наскоро ќе биде сменет.
– Почитувани, ниту еден наш директор за здравство да НЕ прифаќа никакво решение на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку му треба годишен одмор, боледување или едноставно не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот, се вели во пораката на Груби што ја има испратено до директорите на ДУИ во Клиничкиот центар.
Вчера и министерот Меџити беше свесен за ваквата порака на Груби каде прокоментира дека не планира да смени никој од директорите кои се поставени од страна на ДУИ и притоа ги повика надлежните институции да проверат дали навистина дел од директорите на ДУИ се болни.