,,Последниот руски цар” ги стави ракавиците на подот! Погледнете го моментот кога Федор ја заврши кариерата (ВИДЕО)

По 23 години, еден од најголемите таленти во историјата на ММА, легендарниот руски борец Федор Емелијаненко синоќа се прости од спортот.

Кариерата ја заврши на свои 46 години а за последниот меч не избра лесен противник. Тој реши да се повлече во борбата за шампионскиот појас во тешка категорија против Рајан Бадер, најдобриот ,,тешкаш” во Белатор.

Федор или ,,Последниот руски цар”, како што многумина го нарекуваат, за некои љубители на ММА е најдобриот тешкаш во историјата и еден од најголемите ММА борци досега.

По оваа борба, тој има 40 победи и седум порази од кои два му нанесе само Бадер.

Кариерата ја заврши со симболично пуштање на ракавиците на подот од кафезот.