Потпретседателот на „Транснефт“, руската државна компанија која има монопол врз транспортот на нафта, почина откако, наводно, паднал од прозорецот на својот стан во луксузниот московски кварт Рубљовка.
„Транснефт“ потврди дека Андреј Бадалов починал на 62-годишна возраст, но не ги коментираше околностите на неговата смрт.
Компанијата објави дека неговата работа била обележана со „тежок и стресен период“ поради западните санкции, пишува „Москва Тајмс“.
Телото на Бадалов е пронајдено под прозорецот на зграда во близина на автопатот Рубљово-Успенское, објави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на анонимен полициски извор.
Russian Telegram channels report that Andrey Badalov, vice-president of Russian Transneft, fell out of a window in his apartment and died this morning.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) July 4, 2025
Badalov has worked as vice-president since 2021. https://t.co/ROMZEakFTf pic.twitter.com/scvFf4qK1S
„Според првичните информации, причина за смртта е самоубиство“, рече изворот, додавајќи дека е во тек прелиминарна истрага.
Бадалов, од јули 2021 година, кога беше назначен за потпретседател, беше одговорен за дигиталната трансформација на Транснефт.
Неговата смрт е најновата во низата необјаснети смртни случаи на раководители во рускиот енергетски сектор од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Најмалку четири смртни случаи во 2022 година беа поврзани со државниот енергетски гигант „Газпром“, додека други беа поврзани со раководители на „Новатек“ и „Лукоил“.