ПОТРЕСНИ ДЕТАЛИ – Од овие сознанија се заледува крвта во вените на секој човек: Детето монструм Коста К. еден месец го планирал масакарот, истражувал и гледал грозоморни филмови

0

Коста К., 13-годишното момче кое во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград уби осуммина негови врсници и училишното обезбедување Драган Влаховиќ и повреди седуммина, детално го испланирал страшното убиство, но и како да го избегне затвор, според информациите од вештачењето на неговиот телефон, дознаваат српските медиуми.

Како што е утврдено, момчето убиец го планирало масовното убиство еден месец претходно, а она што е откриено со преглед на неговиот телефон ја заледува кртва во вените на секој човек – Коста К. свесно извршил убиство на своите врсници и на училишното обезбедување бидејќи го пребарувал Кривичниот законик на Србија на Интернет непосредно пред да го стори масакарот и барал дали децата можат кривично да одговараат.

Врз основа на неговата истрага, констатирано е дека нападот во училиштето го организирал сега бидејќи знаел дека до 14-тиот роденден му преостануваат нешто повеќе од два месеци и дека има уште толку време од кривичната одговорност доколку сторил кривично дело“, вели запознаен извор на весникот Blic.rs.

Исто така, како што е утврдено, Коста К. гледал американски филм за масакр во училиште во САД ноќта пред масовното убиство. Неколку часа подоцна тој го извршил страшно злосторство кое го потресе целиот регион и Европа.

По трагедијата, Веселин Милиќ, прв човек на управата на град Белград, изјави дека станува збор за огромна човечка трагедија, нагласувајќи дека целото злосторство било подготвено еден месец претходно.

Осум ученици од училиштето загинаа, седум девојчиња и едно момче“, изјави тој и додаде: „Ова било планирано еден месец да се изврши. К.К долго го планирал, не го кажал мотивот. Огненото оружје го зел од станот на татко му и го донел со четири молотови коктели“.

Да потсетиме, Веселин Милиќ на прес-конференцијата го покажа и списокот пронајден во станот на момчето убиец, на кој беа испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие. Покрај тоа, тој имал прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Сè досега утврдено во истрагата за невидената трагедија покажува дека Коста К. свесно и планирано ги убил своите врсници и чуварот.

Тој не бил под дејство на алкохол или психоактивни супстанци, а уште пострашно е тоа што за време на полицискиот распит, освен што не се кае за стореното дело, се однесувал дрско додека зборувал за жртвите, пишуваат соседните медиуми.