Првите дами како од мајка родени: Нивните голи фотографии предизвикаа светски скандал – сè беше видливо (ФОТО)

Првите дами често се во центарот на вниманието, а Џеки Кенеди и Карла Бруни предизвикаа глобален скандал кога се појавија нивните голи фотографии.

Иако општеството е традиционално строго кога станува збор за однесувањето и сликата на жените во толку важни улоги, некои од нив се најдоа во центарот на вниманието поради фотографиите на кои беа делумно или целосно голи.

Две  први дами кои оставија посебен белег во овој контекст се Џеки Кенеди и Карла Бруни.

Џеки Кенеди – икона на стил и елеганција

Џеки Кенеди е запаметена како една од најстилските и највлијателните први дами во американската историја. Нејзиното појавување на јавни настани и моден вкус поставија стандарди за многу генерации.

Вистинскиот скандал се случи кога се појавија фотографии од неа целосно гола, направени на плажа на грчкиот остров Скорпиос во 1972 година.  
Голите фотографии  од Џеки Кенеди беа раширени во списанија и весници низ целиот свет, но дури во 2014 година јавноста ја дозна вистината зад нив, што е уште пошокантно од самите слики.

Имено, фотографиите биле дел од агресивна кампања за клевета од страна на нејзиниот тогашен сопруг, грчкиот тајкун Аристотел „Ариус“ Оназис, а тој самиот ги информирал папараците за точната локација на неговата сопруга.

Карла Бруни – првата дама во ерата на слободата и модерноста

Како сопруга на поранешниот француски претседател Никола Саркози, таа често предизвикуваше мешани реакции со својот стил и однесување. За разлика од по традиционалните први дами, Карла не го криеше својот заводлив дух. Постојат бројни фотографии од нејзиниот моден и музички период, но и од нејзиниот приватен живот, на кои е гола или полугола.

Овие слики не само што предизвикаа сензација, туку и придонесоа за нејзиниот имиџ како модерна, независна жена која не сака да се вклопи во воспоставените норми што ги следат жените на толку висока општествена позиција.

Иако првите дами често се сметаат за симболи на традиција, елеганција и стабилност, примери како Џеки Кенеди и Карла Бруни покажуваат колку се сложени и повеќеслојни тие улоги и перцепции. Нивните фотографии, без разлика дали биле интимни или експлицитни, само дополнително потврдуваат како првите дами отсекогаш биле и остануваат предмет на јавен интерес и контроверзии.