ПРВИ СЛИКИ ОД ПОЖАРОТ ПОД ПАНЧЕВАЧКИОТ МОСТ: Утринава се запали, изгоре 1.000 квадратни метри, 26 пожарникари на терен (ФОТО)

0

Две лица настрадале од вдишување чад и им била укажана лекарска помош на местото на настанот

Пожарот што утрово избувна под Панчевскиот мост е локализиран. На терен се 26 пожарникари со десет противпожарни возила и работат на гаснење на пожарот. Две лица настрадале од вдишување чад и им била укажана лекарска помош на местото на настанот.

Пожарот избувнал под Панчевачки мост, во непосредна близина на Булевар деспота Стефана. Пожарот зафатил околу 1.000 метри квадратни – куќи, столарски работилници, автомеханичарски работилници…, соопшти РТС.

„Пожарот избувна рано утринава околу три и пол. Прво помирисавме чад, а за 15 и 20 минути веќе сè беше во пламен. Седум семејства останаа без покрив над главата, сите останавме на улица“, вели еден од станарите.

На местото на пожарот интервенирале 26 пожарникари со 10 противпожарни возила. Пожарот и чадот не влијаат на сообраќајот во овој дел од градот.

Причината за пожарот засега не е позната.