ПРЕМИЕРОТ НА АЛБАНИЈА НА СРПСКИ ЈАЗИК ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО ПО ПОВОД ПУКАЊЕТО ВО БЕЛГРАДСКОТО УЧИЛИШТЕ: Рама испрати СИЛНИ ЗБОРОВИ

Албанскиот премиер Еди Рама зборуваше за пукањето кое ја остави Србија во црно.

Албанскиот премиер Еди Рама денеска упати длабоко сочувство до семејствата на жртвите од денешното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград , како и до српскиот народ и власти.

„Ова се моменти во животот кога сите сфаќаме дека човечноста е највредното нешто што ни е заедничко и кога болката и тагата не потсетуваат на вредноста на заедништвото во добри и лоши времиња. Нека почиваат оние што починаа во мир“, порача Рама на српски јазик на Твитер.

Тој, исто така, на англиски напиша дека е крајно тажно да се слушне за денешното „неселективно пукање“ во едно белградско училиште и им посака брзо закрепнување на ранетите во „овој трагичен настан“.

„Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, како и до српскиот народ и властите“, рече Рама.