Претрес во Битола, пронајдени дрога и муниција, приведено лице

0

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера попладне го лишиле од слобода В.Р. (40) од Битола. Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, рамка за пиштол со осум куршуми непознат калибар, дробилка и други предмети со остатоци од остатоци од марихуана.

В.Р. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.