Претседателот на Грузија помилува повеќе од 600 затвореници

Новиот претседател на Грузија, Михаил Кавелашвили помилува 613 затвореници, што е прв ваков потег откако тој ја презеде функцијата на 29 декември.

Кавелашвили на Фејсбук изјави дека ги помилува затворениците по повод празникот Богојавление врз основа на овластувањата што му ги дава Уставот, а која се заснова на принципот на хуманост и државните интереси.

Како што се наведува, помилуваните „се вратиле кај своите семејства и повторно ќе бидат полноправни членови на општеството“, пренесува ТАСС.

Според Уставот, помилувањето на затворениците е една од ретките прерогативи на грузискиот претседател.

Поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили беше избран за претседател на Грузија на 14 декември во парламентот, со мнозинство гласови на комисијата составена од 300 членови на парламентот и локалните самоуправи, пренесува Танјуг.