ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО РУСИЈА ЗАКАЖАНИ ЗА 17. МАРТ 2024 ГОДИНА – Ќе гласаат и жителите на окупираните региони во Украина !?

0

Горниот Дом на парламентот во Руската Федерација во четвртокот гласаше да го одреди датумот за руските претседателски избори – 17. март 2024 година.

Одлуката е донесена едногласно со 162 гласа „За“.

Со оваа одлука, ние всушност ја започнуваме изборната кампања“, посочи Валентина Матвијенко, претседателката на Горниот Дом.

Таа додаде дека за првпат на изборите ќе гласаат жителите на делови од украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои беа припоени од Русија.

Со заеднички избор на претседател на државата, ние целосно ја делиме заедничката одговорност и заедничката судбина на нашата татковина“, посочи Валентина Матвиенко.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се уште официјално не ја објавил својата намера да се кандидира за нов шестгодишен претседателски мандат.

Владимир Путин

Право на глас во Русија имаат околу 110 милиони луѓе, а вообичаено 70-80 милиони излегуваат на гласање.