Прија со посебен стајлинг на вечерашниот концерт: Дали е ова нејзиното ,,најжешко” издание? (фото)

0

Младата музичка ѕвезда Александра Пријовиќ вечерва во Арена Загреб го одржува својот петти концерт, а по тој повод се појави во посебен фустан.

Прија за оваа пригода избра долг фустан со светки, а со гол грб и провокативно деколте предизвика бурни реакции.

Таа го спои ова елегантно-жешко издание со бледа шминка а нејзината коса и’ беше ,,фатена” во репче.

Инаку, Прија пред почетокот на концертот и’ се обрати на публиката со посебни зборови.

– Морам да признаам дека ми недостигате од вчера. Навикната сум да пеам овде секоја вечер – рече таа.