ПРОНАЈДЕНО НОВОРОДЕНЧЕ ЗАВИТКАНО ВО ПЕШКИР: Лондонската полиција издаде драматично соопштение

Човек шетајќи ги своите кучиња вчера вечерта пронашол новороденче завиткано во крпа и оставено во торба за пазарење во источен Лондон. Тогаш температурата во Њухам била под нулата, а мажот до загревал додека не дојде брзата помош.

Полицијата соопшти дека бебето е безбедно и добро во болница и започна потрага по мајката. „ Загрижени сме за мајката на детето . Таа мора да минува низ трауматично искуство и ќе ѝ треба итна медицинска помош по породувањето“, рече наредникот Сајмон Крик, како што пренесе Би-би-си.

„Ја бараме мајката да контактира со нас по телефон или да дојде во најблиската болница или полициска станица “, додаде Крик. Полицијата ги замоли и граѓаните кои имаат какви било информации за овој настан да се обратат до надлежните органи.

Ова е трето новороденче пронајдено во Њухам во последните четири години. Во февруари 2019 година, некој оставил девојче во парк, а во јануари 2020 година, новороденче останало на улица.