Просечната плата во Црна Гора за прв пат надмина 1.000 евра

Просечната плата во Црна Гора за декември минатата година првпат надмина илјада евра и изнесуваше 1.012 евра.

Просечната плата во декември лани била за 198 евра повисока од истиот период во претходната година, кога изнесувала 814 евра. Просечната нето плата за декември во однос на истиот месец во 2023 година бележи пораст од цели 24,3 отсто.

Просечната плата без даноци и придонеси за декември минатата година, според податоците на Монстат, била за 1,9 отсто повисока од ноември, односно бележи континуиран месечен раст во текот на целата 2024 година.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во декември бележат намалување од 0,1 отсто во однос на ноември, произлегува дека реалните плати за истиот период бележат пораст од два отсто“, се вели во соопштението.

Монстат објави дека минатата година просечната бруто плата била 1.080 евра, додека просечната нето плата била 876 евра. Оттаму наведуваат дека ако се земе предвид дека потрошувачките цени лани бележат пораст од 3,3 отсто во однос на 2023 година, произлегува дека реалните плати за истиот период бележат пораст од 7,1 отсто.

Во Хрватска просечната плата е 1.322 евра, во Србија е 824 евра, во Босна и Херцеговина е 708 евра и во Македонија 683 евра.