Против четири лица е покренато обвинение за палење и кинење на македонското и албанското знаме

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и поднесе пријава до надлежниот суд против четири лица кои на 28 ноември во различни наврати го палеле македонското и албанското знаме.

Тие со своите постапки предизвикале омраза, поделби или нетрпеливост по национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

За четворица на кои им е одредена мерка притвор во претходната постапка, јавните обвинители побараа од Основниот кривичен суд Скопје продолжување на притворот. Тројца од нив го запалија и го искинаа македонското, а четвртиот албанското знаме.

„На 28 ноември, по повод одбележувањето на Денот на албанското знаме, со палењето, уништувањето и кинењето на државното знаме на Република Северна Македонија, тројца од обвинетите предизвикаа чувство на омраза, поделеност и нетрпеливост на етничка основа и го изложија на потсмев националниот симбол.

Четвртообвинетиот неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава, Република Албанија, што исто така предизвикало омраза и нетрпеливост.

Постапките на сите обвинети предизвикаа јазик на омраза што се појави во критичните денови, особено на социјалните мрежи, со тенденција да се претвори во нови инциденти на насилство“, велат од ОЈО.