Прстен ја опкружи Месечината! Вечерва има чудна појава на небото: Еве за што се работи

„Што е тоа околу Месечината?“ би можело да биде прашањето на сите што можеле да ја видат месечината вечерва и нешто што изгледа како прстен околу неа.

Ако не е скриен од облаци, кога ќе погледнете одблизу изгледа како да гледате во зеницата на небесно око.

Различни светлосни ефекти може да се видат околу Месечината од време на врем. И во конкретниот случај, „прстенот“ е оптички атмосферски феномен.

Најпознатите феномени се познати како корона и ореол на Месечината. Тие се создадени на сличен начин како виножитото. Во горните слоеви на атмосферата, светлината се прекршува на кристали од мраз или капки вода.

Ореолот е голем прстен што ја опкружува Месечината. Се создава во облаците, на големи надморски височини, со прекршување на светлината на Месечината на ледените кристали.

Ледените кристали имаат приближно иста хексагонална форма и слични димензии. Тие се формираат во цирус, кои се облаци на височина од околу 6.000 метри, со брзото замрзнување на капките вода.