Путин: „Вооружениот бунт“ на Вагнер е „нож во грб“ на рускиот народ

0

Во обраќањето до нацијата, рускиот претседател Владимир Путин рече дека руските вооружени сили добиле наредба „да ги неутрализираат оние кои организираа вооружен бунт“.

Во саботата рускиот претседател Владимир Путин го обвини шефот на Вагнер за „предавство“.

Во обраќањето до нацијата, тој рече дека руските вооружени сили добиле наредба „да ги неутрализираат оние кои организираа вооружен бунт“.

„Нема да дозволиме граѓанската војна да се повтори и ќе ги заштитиме нашиот народ и државноста“, рече Путин, додавајќи дека „вооружениот бунт“ на Вагнер е „нож во грб“ на рускиот народ.

Секој немир во Русија е „смртна закана“, акциите на Москва ќе бидат „тешки“, додаде Путин и ги поздрави борците на Вагнер во Украина, нарекувајќи ги „херои“.

Тензиите меѓу Кремљ и Вагнер ескалираа откако Пригожин ги обвини руските сили дека ги напаѓаат неговите платеници, тврдење кое руското Министерство за одбрана го отфрли доцна во петокот.

Евгениј Пригожин, шефот на руската паравоена група Вагнер, рано во саботата изјави дека неговите сили во Украина се преселиле во рускиот град Ростов.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ги повика борците на Вагнер да го уапсат Пригожин. Министерството за одбрана обвини дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, ги измамил борците во „криминална авантура“ и „вооружен бунт“, додека Кремљ издал наредба за негово апсење поради поттикнување бунт.