Путин повторно ги ,,замрзна” НАТО и САД, руската морнарица годинава ќе добие 30 борбени бродови!

0

Русија упорно ја зајакнува моќта на својата морнарица која само оваа година ќе прими 30 борбени бродови од различни класи, изјави рускиот претседател Владимир Путин на Главната поморска парада по повод Денот на руската морнарица.

– Денес, Русија самоуверено ги спроведува своите главни цели на националната поморска политика и упорно ја зајакнува моќта на својата морнарица. Само оваа година ќе и’ се приклучат 30 воени бродови од различни класи – рече рускиот лидер.

Меѓу борбените бродови што влегоа во служба на руската морнарица е и ракетната корвета Меркур, именувана во чест на едриличарот на Црноморската флота, кој својата слава ја стекна во Руско-турската војна од 1828-1829 година, истакна Путин.

– Добро е што оживеа традицијата за именување на бродови на руската морнарица. На новиот Меркур беше подигнато поморското знаме на Георгиев во знак на нашата зачувана поморска традиција, симбол на храброста и непоколебливоста на морнарицата – рече Путин, нагласувајќи дека „овие квалитети и денес целосно се манифестираат“.