Голем одрон, пороите носат сè пред себе! Погледнете го хаосот во Италија – блокирани патишта по невремето (ВИДЕО)

Силен дожд пропратен со силен ветер го опустоши италијанскиот регион Јужен Тирол во близина на границата со Австрија. Невремето направи голема штета. Помали мостови беа однесени во краткото, но силно невреме, додека лизгање на земјиштето е забележано и под преминот Гардена во Доломитите во североисточна Италија.

Потоците во општината Оланг во близина на границата со Австрија во саботата се претворија во порои, а неколку дрвени мостови беа однесени. Локалните противпожарни служби известија дека патиштата се блокирани од кал.

Снимките на социјалните мрежи покажаа дека три моста се однесени со водата додека потокот Фуркелбах се излеа од коритата.

Лизгање од три километри под превојот Гардена здроби неколку паркирани автомобили.

Засега нема извештаи за повредени.

Метеорологот Дитер Петерлин наведува дека во долината Пустер за два часа наврнале 50 литри дожд на метар квадратен и биле забележани 500 удари од гром.

Петерлин најави нови бури за вторник.

Да потсетиме, големи парчиња мраз го оштетија авионот кој летал од Милано за Њујорк за време на невреме минатата недела, при што загинаа една постара жена и една девојка.