Фудбалерите на Реал Мадрид се на удар откако беа објавени снимките од клупата за резерви по натпреварот против Атлетико Мадрид.
Мадридското дерби уште еднаш донесе многу тензија и голема драма. Двомечот во осминафиналето на Лигата на шампионите заврши по продолженија и пенали, а на крајот се радуваа гостите од Сантијаго Бернабеу.
За работите да бидат поинтересни, на Атлетико Мадрид му беше поништен гол од пенал затоа што Јулијан Алварез двапати ја допре топката при ударот. Ова донесе дополнителни тензии.
Сепак, по натпреварот шпанските медиуми објавија снимка од клупата за резервни играчи на стадионот Метрополитано.
Според достапните снимки, клупата на која седеа играчите и стручниот штаб на Реал Мадрид изгледа навистина ужасно. Преполно е со отпад, најмногу шишиња од кои играчите на Реал Мадрид консумирале пијалоци за време на натпреварот.
Ваквите работи дефинитивно не му доликуваат на најтрофејниот и најголемиот клуб, па луѓето кои се прашуваат на Сантијаго Бернабеу сигурно ќе го кажат својот збор откако јавноста беше налутена од оваа постапка.
Инаку, Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Арсенал, а победникот од тој меч ќе се соочи со победникот од мечот Астон Вила – ПСЖ.