Речиси 8.000 гитаристи во Полска влегоа во Гинисовата книга на рекорди

 Во Вроцлав дури 7.967 гитаристи се собраа на градскиот плоштад за да ја свират песната на Џими Хендрикс „Хеј Џо“.

Во Полска е забележан интересен обид за уривање на Гинисов рекорд.

Во Вроцлав дури 7.967 гитаристи се собраа на градскиот плоштад за да ја свират песната на Џими Хендрикс „Хеј Џо“ и на тој начин влегоа во Гинисовата книга на рекорди.

Музичарите претходните денови пристигнуваа во градот што се наоѓа во југозападниот дел на земјата, во обид да постават нов рекорд.

Минатата година вкупно 7.676 гитаристи се собраа на градскиот плоштад и поставија Гинисов светски рекорд.

Музичарот Лешек Цичонски го започна овој несекојдневен настана во Вроцлав во 2003 година.