Речиси 80% од лекарите погрешно веруваат дека никотинот предизвикува рак на белите дробови

Речиси 80 проценти од лекарите ширум светот погрешно веруваат дека никотинот предизвикува рак на белите дробови, според истражувањето на 15.000 лекари од 11 земји (Кина, Германија, Грција, Индија, Индонезија, Израел, Италија, Јапонија, Јужна Африка, Велика Британија и САД.)

Значително мнозинство лекари ширум светот погрешно ги припишуваат негативните здравствени последици од пушењето на никотинот, сериозно попречувајќи ги напорите да се натераат повеќе од милијарда пушачи да се откажат од пушењето, според истражувањето спроведено за да се обезбедат практични сознанија за забрзување на откажувањето од пушењето.

Иако 78% од анкетираните лекари барем делумно се согласуваат со констатацијата дека „кај возрасни пациенти, најголем дел од штетата предизвикана од пушењето доаѓа од согорувањето на тутунот, а не од самиот никотин“, што е научно докажан факт, кога конкретно поставено на прашањето, во просек 73% од лекарите делумно се согласуваат дека никотинот предизвикува рак на белите дробови, мочниот меур и главата, вратот и желудникот.

Поточно, дури 78% од анкетираните лекари сметаат дека никотинот предизвикува атеросклероза, 77% од нив се изјасниле дека предизвикува рак на белите дробови, потоа 76% од лекарите сметаат дека никотинот е одговорен за хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), 72% за вродени дефекти, 71% за рак на желудникот на главата/вратот, додека 69% од нив сметаат дека никотинот е виновен за ракот на мочниот меур.

Речиси во сите 11 земји кои се испитани, најмалку 80% од лекарите се заинтересирани за обука за намалување/откажување од пушењето. Сепак, многу од нив имаат тенденција да се фокусираат на општо прекинување наместо на конкретни алтернативи за пушењето цигари.

Во сите земји, големо мнозинство лекари – кои се движат од 71% до 94% – се согласуваат дека помагањето на пациентите да престанат да пушат е приоритет. Во просек, една четвртина од лекарите изјавиле дека никогаш не учествувале на обука за откажување од пушење. Немањето можности и недостигот на свест се најчестите причини зошто не посетуваат обука за откажување од пушење.

Истражувањето беше спроведено од Sermo, независна платформа и лидер во увид во практиките на здравствените работници, а беше финансирано од Фондацијата за свет без чад. Анкетираните лекари се вработени со полно работно време, лиценцирани за работа, со најмалку двегодишно искуство, кои минимум 50% од своето време го поминуваат во директна грижа за пациентите, посетувајќи најмалку 20 возрасни пациенти месечно. Тие работат во широк спектар на специјалитети од семејна/општа пракса до интерна медицина, кардиологија, пулмологија, онкологија и психијатрија.