Реџеп Таип Ердоган: “Не може да има мир додека Израел не го признае формирањето на државата Палестина“
Претседателот на Турција вели дека повиците за мир во Појасот Газа, каде што повеќе од 28.000 луѓе се убиени во израелските напади, за жал остануваат неплодни поради негативниот пристап на САД, објавија турските медиуми.
Зборувајќи за новинарите по враќањето од Египет по еднодневната официјална посета, Реџеп Таип Ердоган порача дека ставовите што ги изразил за време на почетокот на конфликтот во палестинската енклава сега одекнуваат на Запад.
Реџеп Таип Ердоган вели дека нападите врз Појасот Газа, кои траат од 7. октомври, го одразуваат „вообичаениот недостаток на совест“ на Израел и нагласи дека безбедноста на луѓето во регионот „не може да биде загрозена“.
„Светот не може да игнорира дека решението лежи во независна, суверена палестинска држава со главен град Источен Ал Кудс (Ерусалим) врз основа на границите од 1967 година. Дали ги насочува цивилите во наводно безбедни зони пред напад во согласност со хуманитарните вредности, законите за војна, меѓународното право, човековите права ?“ праша турскиот претседател.
Тој најави продолжување на соработката меѓу Турција и Египет со цел да се реши палестинското прашање во насока на изнаоѓање одржливо решение.