Рита Ора откри детали од приватниот живот: Не го земам неговото презиме, Ора е бренд

Aлбанската пејачка Рита Ора конечно потврди дека е во брак со режисерот Таика Вејтити додека гостуваше во „Heart Radio Breakfast“ за да ја промовира својата нова песна.

– Да, јас сум омажена. Официјално. Решив тоа да го чувам подалеку од јавноста – изјави 32-годишната пејачка која на социјалните мрежи најави објавување на нова песна со топлес фотографија.

Коментирајќи го денот од нејзината свадба, Рита рече дека бил совршен онака како што таа го замислувала.

– Беше убаво, беше совршено. Убаво е да чувате некои работи за себе подалеку од очите на јавноста. Еден ден ќе направам голема забава – додаде пејачката која сè уште не е сигурна дали ќе го земе презимето на сопругот.

– Секако размислував да го земам неговото презиме, но работев многу напорно за моето презиме Ора да звучи моќно и познато. Не знам. Сè уште не сум одлучила – објаснила таа.

Таа зборуваше и за борбата со силниот притисок на славата, објаснувајќи како блиските пријатели и членовите на семејството и помогнале да ги преживее моментите кога дури сакала да се откаже од кариерата.

– Сакав да се откажам. Си помислив: „Дали вреди ова?“… Како што станав попозната, сфатив дека луѓето се огледуваат на мене. Станувате пример, а понекогаш не сте подготвени за тоа затоа што само сакавте да правите музика. И сега ве следат милиони луѓе. Значи психолошки е навистина интензивно – заклучи пејачката.