Ријана е ѕвезда на новата кампања за долна облека: Бојата на косата ја спои со парчиња облека

Последниве години, пејачката Ријана повеќе се фокусираше на своите брендови за козметика и облека отколку на нејзината музика, а сега е главната ѕвезда на кампањата што следи по соработката на нејзиниот бренд Savage x Fenty со Diesel.

Ријана за оваа прилика позираше во долна облека која може да се најде во понудата на нејзиниот бренд, во црвен корсет, гаќички и оглавник. Косата ја спои со бојата на овој комплет долна облека, а на огнено црвената верзија додаде сино бунда.

Исто така, таа носеше ноќница која ја спушташе надолу како здолниште за фотосесијата.

„Конечно е достапна долгоочекуваната Diesel соработка“, пишуваат на фотографиите.

Да потсетиме, Ријана и претходно беше главна ѕвезда на кампањите на нејзините брендови и со задоволство позира претставувајќи ја новата долна облека што ја нуди.

Неодамна пејачката беше симната од првото место на листата на најбогати музичари во светот од страна на Тејлор Свифт. Таа го надмина сегашното нето богатство на Ријана од 1,4 милијарди долари.

Иако Ријана сè уште ја носи титулата „најбогат женски музичар на сите времиња“, откако некогаш достигна нето богатство од 1,77 милијарди долари, Свифт наскоро може да ја преземе и таа титула.