Роберт де Ниро (81) ја покажа својата девојка на целиот свет: Оваа убавица го освои срцето на славниот актер и му роди ќерка (фото)

Роберт де Ниро (81) и неговата партнерка Тифани Чен прошетаа по црвениот тепих на овогодинешниот 78-ми Кански филмски фестивал. Имено, тие одеа по црвениот тепих држејќи се за раце и изгледаа како заљубени тинејџери. Оваа година, актерот ќе биде награден со почесна Златна палма за животно дело.

Роберт Де Ниро

Де Ниро и Чен имаат двегодишна ќерка, Џија, која ја добија во април 2023 година. Двојката се запозна во 2015 година на снимањето на филмот „Чирак“, а гласините за романса почнаа да кружат кога првпат беа видени заедно во Франција во август 2021 година. Оттогаш се неразделни.

Покрај ќерката Џија, Де Ниро е татко на уште шест деца: ќерките Дрен (53), Ајрин (29) и Хелен (13), како и синовите Рафаел (48), Џулијан (29) и Елиот (27).

Актерската легенда, добитник на два Оскара, поранешен претседател на фестивалското жири и чест гостин на Канскиот фестивал, со оваа награда уште еднаш го потврди својот неизбришлив белег во светската кинематографија.