Еден од најплатените фудбалери во светот, Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез се заедно од 2016 година. Оттогаш тие никогаш јавно не спомнаа дека се свршени или венчани.
И сега тие проговорија за тоа и открија зошто сè уште не си ветиле вечна љубов еден на друг.
За ова зборуваа во серијата „Јас сум Џорџина“.
И сега тие проговорија за тоа и открија зошто сè уште не си ветиле вечна љубов еден на друг.
За ова зборуваа во серијата „Јас сум Џорџина“.
„Секогаш се шегуваат за нашата венчавка, прашувајќи „Кога е свадбата?“. Уште кога излезе песната на Џенифер Лопез „The Ring Or When“, почнаа да ми ја пеат. И, тоа не зависи од мене“, рекла Џорџина.
Роналдо ја откри и својата страна на приказната и на сите им порача дека Џорџина знае што мисли за тоа.
“Секогаш и’ велам дека тоа ќе биде кога ќе се случи тој “клик”. Како и сè во нашите животи. Таа знае за што зборувам. Тоа може да биде за една година, за шест месеци, за еден месец. Но, јас сум 1.000 отсто сигурен дека тоа ќе се случи”, изјави фудбалерот на Ал-Наср во Саудиска Арабија.
Парот оттогаш основа семејство, но прашањето за бракот отсекогаш „виси во воздух“.
Двојката има две деца заедно, а таа е и маќеа на неговите три деца.