Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за пролетен воен рок, кој започнува на 1 април и трае до 15 јули, а вклучува 147.000 лица.
– Да се изврши регрутирање на државјани на Руската Федерација на возраст од 18 до 27 години, кои не се во резерва, а ги исполнуваат условите за регрутирање, во периодот од 1 април до 15 јули 2023 година, во број од 147.000 луѓе – се наведува во декретот, пренесува ТАС.
Во текот на есента 2022 година, вкупно 120.000 лица беа повикани на воена служба во Русија, а минатата пролет беа регрутирани 134.500 луѓе.
Во просек, во последните неколку години во секој мандат биле регрутирани околу 130.000 луѓе, наведува руската агенција.